ВИДЕО – „ПАТЕКА НА ИЛИНДЕНЦИТЕ“ – уникатна можност за јавање на коњи низ крушевската корија, доживејте го Крушево на еден поинаков начин

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Таму каде што некогаш чекореле јунаците, денес јаваат љубителите на природата и традицијата. Промо видео од повеќедневна тура јавање на коњи, низ крушевските планини „ПАТЕКА НА ИЛИНДЕНЦИТЕ“.

РАНЧ ЦЕЗАР од Крушево ви нуди уникатна можност за јавање на коњи низ крушевската корија и планини. Пристапни цени со кои добивате обука за јавање и заштитна опрема. Уживајте во оваа несекојдневна можност да ја почувствувате природата и Крушево на еден сосема поинаков начин. Ова лето ранчот Цезар нека биде вашата дестинација за едно поинакво искуство. Уживајте во јавањето на коњи со вашите пријатели или имајте романтично патување со вашиот партнер/ка.

Може да бидете дел од една од 3 тури.

ТУРА СЛИВА

Преглед

  • Цена по лице: 1.300 денари
  • Времетраење: 1 ден
  • Време на јавање: 1,5 часа

Вклучува:

  • Јавање – 2,5 часа јавање
  • обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)– 20 минути
  • Опрема за јавање (шлем)

Турата претставува планинско јавање по недопрената природа на Крушево. Започнува од самото Крушевско Езеро (воедно каде се наоѓа Ранч Цезар) со упатување кон историскиот локалитет Слива. Јавајќи по патеката ќе се запознаете со бачило каде одблиску ќе може да се искуси постапката за производство на познатото крушевско овчо сирење, кашкавал, кисло млеко на стариот традиционален крушевски начин. Потоа турата продолжува кон локалитетот Слива и споменикот Слива, кој е од исклучително значење не само за Крушево туку и за македонската историја и каде е одиграна една од позначајните битки за одбрана на градот Крушево и Крушевската Република проткаена со една од посебна љубовна приказна. Од овој локалитет се забележуваат и се отвораат нови хоризонти од каде се гледа 1/3 од територијата на Македонија со еден исклучителен поглед.

Понатаму се продолжува кон Крушевската корија која е заштитник на градот, сотавена од букови дрвја стари повеќе од 500 години, кои тивко го пренесуваат духот на востаниците од илинденскиот период и кои сведочат за херојството на илинденците.

По минувањето на Крушевската корија се продолжува кон Крушевското Езеро и ранчот каде турата се завршува.

 

ТУРА СТАНИЧ

Преглед

  • Цена по лице: 1.600 денари
  • Времетраење: 1 ден
  • Време на јавање: 2,5 часа

Вклучува:

  • Јавање – 3,5 часа јавање
  • обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)– 20 минути
  • Опрема за јавање (шлем)

Турата претставува планинско јавање по недопрената природа на Крушево. Турата започнува од самото Крушевско Езеро (воедно каде се наоѓа Ранч Цезар) со упатување кон историскиот локалитет Слива. Јавајќи по патеката ќе се запознаеме со бачило каде одблиску ќе може да се искуси постапката за производство на познатото крушевско овчо сирење, кашкавал, кисло млеко на стариот традиционален крушевски начин.

Потоа турата продолжува кон локалитетот Слива и споменикот Слива, кој е од исклучително значење не само за Крушево туку и за македонската историја и каде е одиграна една од позначајните битки за одбрана на градот Крушево и Крушевската Република проткаена со една од посебна љубовна приказна. Од овој локалитет се забележуваат и се отвораат нови хоризонти од каде се гледа 1/3 од територијата на Македонија со еден исклучителен поглед.

Јавењето продолжува кон ски терените Станич каде е предвидена кратка кафе пауза со можност да се посети најголемиот адреналински парк во Македонија.

Минувајќи низ боровата корија се продолжува кон Крушевската корија која е заштитник на градот, составена од букови дрвја стари повеќе од 500 години, кои тивко го пренесуваат духот на востаниците од илинденскиот период и кои сведочат за херојството на илинденците.

По минувањето на Крушевската корија се продолжува кон Крушевското Езеро и ранчот каде турата се завршува.

 

ТУРА МЕЧКИН КАМЕН

Преглед

  • Цена по лице: Цена по договор
  • Времетраење: 1 ден
  • Време на јавање: 5 часа

Вклучува:

  • Јавање – 5 часа јавање
  • обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)– 20 минути
  • Опрема за јавање (шлем)

Турата претставува планинско јавање по недопрената природа на Крушево. Турата започнува од самото Крушевско Езеро (воедно каде се наоѓа Ранч Цезар) со упатување кон историскиот локалитет Слива. Јавајќи по патеката ќе се запознаеме со бачило каде одблиску ќе може да се искуси постапката за производство на познатото крушевско овчо сирење, кашкавал, кисло млеко на стариот традиционален крушевски начин.

Потоа турата продолжува кон локалитетот Слива и споменикот Слива, кој е од исклучително значење не само за Крушево туку и за македонската историја и каде е одиграна една од позначајните битки за одбрана на градот Крушево и Крушевската Република проткаена со една од посебна љубовна приказна. Од овој локалитет се забележуваат и се отвораат нови хоризонти од каде се гледа 1/3 од територијата на Македонија со еден исклучителен поглед.

Јавењето продолжува кон ски терените Станич каде е предвидена кратка кафе пауза со можност да се посети најголемиот адреналински парк во Македонија.

Се продолжува кон историскиот локалитет Мечкин Камен, местото каде се одиграла една од најголемите битки каде војводата Питу Гули со своите востаници храбро ги положија животите за слободна Македонија. На патот кон Мечкин Камен се поминува на стартот од еден од најпознатите светски места за параглајдерство каде се одржуваат голем број домашни и меѓународни купови и натпревари во параглајдерство и змајарство. На месноста Мечкин Камен предвиден е пикник ручек со традиционални крушевски јадења ( зелник, мазник, крушевско сирење, кисело млеко).

Турата продолжува назад поминувајќи покрај хотелската зона во Крушево, покрај хотел Монтана Крушево и низ тесните крушевски улици во градот каде може да се види специфичната крушевска архитектура и амфитеатралната поставеност на градот со што се продолжува кон Крушевското Езеро и ранчот каде турата се завршува.

 

ТУРА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Турата трае 15-тина минути и е наменета за најмладите. Зпаочнува од самиот ранч е води околу самото крушевско езеро.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми