Вечерва сме во посета на општина Долнени, овде отворено разговаравме со жителите на оваа општина за предизвиците кои во изминатите години не беа слушнати од општинската администрација, која за жал се однесуваше кон еден како мајка, а кон друг граѓанин како маќеа, изјави вечерва во општина Долнени, Златко Перински, министер за локална самоуправа.
„После 2 ноември оваа поделба на граѓаните во оваа општина завршува, затоа што идниот градоначалник Сашко Велјаноски ќе биде градоначалник кој ќе биде одговорен и ќе се грижи за потребите на сите свои сограѓани.
Затоа, жители на општина Долнени ве повикувам на 2 ноември да го направите вистинскиот избор, да излезете гордо, со крената глава да го заокружите бројот 9 и од понеделник идниот градоначалник Сашо Велјаноски да си ја земе работата во свои раце и оваа зграда која стои позади нас да го види светлото на денот“, кажа Перински.