Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ синоќа во киното „Мис Стон“ ја прикажа својата најнова премиера, претставата „Ана“, работена според „Дневникот на Ана Франк“. Малата 2 група од училиштето претставата ја подготвувале 8 месеци. Идејата била граѓаните да се потсетат на ѕверствата и злосторствата кои се случувале во Втота светска војна, со порака никогаш да не се заборави тоа, но и никогаш да не се повтори.ѓ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „АНА“!
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/tutunski8.jpg)
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/institut-2.jpg)
Инаку Ана Франк е родена на 12 јуни 1929 година. Во 1934 година кога Нацистите доаѓаат на власт во Германија нејзиното семејство се преселува во Холандија. Но во 1940 година и Холандија е окупирана од нацистите. Ана заедно со нејзиното семејство и други евреи се приморани да се кријат во еден анекс, каде таа го пишува и својот познат дневник. Во 1944 година се откриени од страна Германците и се однесени во концентрационен логор каде и Ана починува во 1945. Од целото семејство жив останува само нејзиниот татко кој го објавува Дневникот во 1947 година, кој потоа е преведен на 60 светски јазици и од него се продадени над 30 милиони копии.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)