ВИДЕО – Погледнете ја целата претстава „Ана“ на „Чин 4 Сцена 5“

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ синоќа во киното „Мис Стон“ ја прикажа својата најнова премиера, претставата „Ана“, работена според  „Дневникот на Ана Франк“. Малата 2 група од училиштето претставата ја подготвувале 8 месеци. Идејата била граѓаните да се потсетат на ѕверствата и злосторствата кои се случувале во Втота светска војна, со порака никогаш да не се заборави тоа, но и никогаш да не се повтори.ѓ

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „АНА“!

 

 

 

 

 

Инаку Ана Франк е родена на 12 јуни 1929 година. Во 1934 година кога Нацистите доаѓаат на власт во Германија нејзиното семејство се преселува во Холандија. Но во 1940 година и Холандија е окупирана од нацистите. Ана заедно со нејзиното семејство и други евреи се приморани да се кријат во еден анекс, каде таа го пишува и својот познат дневник. Во 1944 година се откриени од страна Германците и се однесени во концентрационен логор каде и Ана починува во 1945. Од целото семејство жив останува само нејзиниот татко кој го објавува Дневникот во 1947 година, кој потоа е преведен на 60 светски јазици и од него се продадени над 30 милиони копии.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира