Општина Прилеп: Продолжуваме со мерки за поголема безбедност во сообраќајот

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Безбедноста на граѓаните е наша постојана грижа и затоа продолжуваме со конкретни активности на терен, на местата каде што е потребно дополнително да се успори сообраќајот и да се зголеми безбедноста. Во рамките на овој проект на околу 30 локации низ општина Прилеп поставуваме средства за успорување и уредување на сообраќајот.

„На поголем дел од локациите се поставуваат технички средства за забавување на сообраќајот, соодветни сообраќајни успорувачи (,,легнати полицајци”).

А на неколку локации се изведуваат целосно издигнати пешачки премини, поставени на ниво на тротоарите, со што пешачкото движење станува побезбедно, а возачите дополнително се принудуваат соодветно да ја намалат брзината.

Проектот се реализира преку Министерството за транспорт, во склоп на Проектот за поврзување на локалните патишта, со финансиска поддршка од Светска банка.

Во продолжение на акцијата за расчистување на јавните површини од хаварисани и напуштени возилаи, продолжуваме со конкретни мерки за поголема безбедност во сообраќајот и непречено движење на сите граѓани“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци