ВИДЕО: Полско-македонски конзорциум го купи Еурокомпозит- засега без многу детали што ќе се произведува и кога ќе се отвори

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Конечно е решена судбината на последниот голем државен загубар наменската фабрика од воената индустрија Еурокомпозит од Прилеп. После 15-тина години голгота, штрајкови, блокади, неземени плати со години Еурокомпозит го купи македонско – полскиот конзорциум составен од компаниите ФУТУРА МОДА Д&А ДООЕЛ од Скопје и полската фирма FHR ARMOR LOGISTICS.


Стечајниот судија Јасмина Шишковска Стојковиќ на 24.12.2025 година го носи решението за Планот за реорганизација на компанијата која е во стечај. Новите инвеститори се согласите да платат 65% од утврдените побарувања на доверителите односно веќе ја исплатиле првата рата од околу 1,2 милиони евра, а останатите 3 рати треба да ги исплатат во наредните 3 години, односно до крајот на 2028, кога полскиот инвеститор ќе стане и комплетен сопственик на Еурокомпозит.

Поранешните вработени велат дека иако барале 100% морале да се задоволат со 65% од побарувањата.

Малку беше исплатата од 65% што го исплатија, меѓутоа бевме ставени во ситуација земи или остави. Ако не го прифатевме овој договор што го нудеа ни се закануваа со ликвидација, а ликвидација знаете што значи, немаше да земиме ни грош. Од неофицијални извори знаеме дека ќе се правеле шлемови, панцири, можно е и дронови, тие не се сигурни извори, но полскиот конзорциум што ја зеде сигурно има некој план, а плус најавуваат нови 150 вработени“, изјави Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Во фабриката веќе се гледа раздвиженост дека веќе се расчистуваат полела погоните и просторит. Неофицијално полјаците сакале да прават повторно шлемови, панцири, дури се споменуваат и воени дронови. Планот бил да вработат околу 150 лица, дел и од поранешните вработени.

Но останува помалку чудно зошто Владата или некој друг орган досега не ја објави јавно оваа информација, дури се добива и чувство дека помалку како и да се крие целата купопродажба. Кога и дали ќе се откријат повеќе информации околу оваа купопродажба останува да покаже периодот кој следува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми