ВИДЕО – Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ – 80 години постоење, 80 години од првиот час настава на македонски јазик


Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ одбележа 80 години од своето постоење, 80 години од првиот час настава на македонски јазик. За овие 8 децении постоење прилепската Гимназија била и останала стролбот на образовниот систем во Прилеп, расадник на голем број интелентуалци, од каде произлегле голем број научници, професори, архитекти, доктори на науки, лекари, спортисти, уметници… кои се вградиле во нашиот општествен развој и напредок.

Денешниот ден ќе го обезбедиме со повеќе активности, утрово започна турнир во одбојка, машки и женски, помеѓу учениците од средните училишта. Во холот на училиштето имаме изложба која што ја подготвија учениците од нашето училиште и со една свечена академија, односно свечена седница на наставничкиот совет, која ќе заврши со пригодна програма од учениците“, рече Весна Михаиловска, директор на гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

Не е малку 80 години да бидеш центарот на образованието во Прилеп, како што спомна и директорката оттука произлегува најголемата интелектуална сила на Прилеп, која што го носела Прилеп напред како еден од најпрогресивните градови и во Македонија и пошироко во регионот, во опкружувањето наше. Значењето на овој јубилеј е голем, бидејќи претставува гордост да се дочека 80 години постоење и притоа да се зборува за една многу успешна гимназиска приказна на ред генерации кои поминале низ ходниците на гимназијата“, кажа Димче Настоски, поранешен професор во Гимназијата.

Прилепската гимназија е една од најстарите во Македонија, наставата на мајчин македонски јазик започнува на 30 јануари 1945 година со одржување на првиот наставнички совет, а учениците за прв пат во училниците влегувата на 1 февруари 1945 година. Таа во својот историски развој поминува низ неколклу фази.

На почетокот гимназијата ги опфаќа нижите класови, виши класови и прогимназии до 1952/53 година, кога нижите класови се слеваат во основните училишта, а овде остануваат само вишите класови, прогимназиите престануваат да функционираат. Во тогашниот систем во 1963/64 година се воведува насочено образование, тогаш во гимназијата има општествено-јазична и природно-математичка настава, се до 1983 година кога гимназијата прераснува во еден поголем општообразовен центар во кој освен гимназиско образование има и занаетчиско и медицинско образование. Тогаш училиштето се вика УЦТМН, или училишен центар за општествено-технички и медицински насоки. Ова име училиштето го има до 1993 година, кога преминува во општа гимназија. Со наставните програми од 2001 година училиштето функционира како и денес, со 3 наставни подрачја и тоа јазично-уметничко, општествено-хуманистичко и природно-математичко подрачје“, истакна Никола Богданоски, професор во Гимназијата.

За овие 80 години во Гимназијата поминале околу 14.000 ученици, над 300 професори, 45 надворешни соработници, 17 административни работници, 48 лица како технички персонал, импозантни бројки со кои може да се пофали едно учлилиште на ниво на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи