ВИДЕО- Прилепската општа болница за само 1 година набави нова опрема во висина од 55 милиони денари и 32 милиони денари опрема во донации

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Прилепската општа болница за само една година набави нова опрема во висина од 55 милиони денари, средства обезбедени од болницата и Фондот за здравство. Исто така за една година од донации е обезбедена опрема во висина од 32 милиони денари. Нови: стерилизатор, дигитален рентген апарат, хистероскоп, лапароскоп, апарат за анестизија, два апарати за механичка вентилација, електричен гинеколошки стол, ехо апарат за гинекологија, операциона светла за хируршките сали, цистоскоп за урологија, комбе за брза помош, видео ЕЕГ апарат за педијатријам, стрес тест, апарат за колкови за деца, ЕХО апарат за мозок за педијатрија, се само дел од новата опрема која ја добилницата.

„Секој од овие придонеси претставува важен чекор во зајакнувањето на медицинските капацитети и подобрувањето на условите за работа и третман на пациентите. Воедно, Ве информираме дека во установата е во тек постапка за вработување на 124 извршители на неопределено време, меѓу кои 21 доктор, 49 медицински сестри, 34 болничари, 6 физиотерапевти, 1 оптометрист, 1 психолог и 12 административно-технички извршители, кои ќе завршат по изборите. Оваа презентација е резултат на континуираната заложба на нашата установа за модернизација на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување современи услови за дијагностика и третман на пациентите“, изјави Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

Исто така во прилепската болница во периодот кој следува ќе започне да се прават и лапароскопија и хистероскопија, а за тоа ќе доаѓаат лекари од клиниките од Скопје.

„Со новите услуги лапароскопија и хистероскопија граѓаните нема да треба да одат надвор од Прилеп. За таа цел заедно со Општината, Министeрството, болницата од Прилеп и Клините од Скопје од наредната недела лекари од Скопје ќе доаѓаат во Прилеп за да со прилепските лекари заедно ги нудат овие услуги на граѓаните од овој регион“, вели Азир Алиу, министер за здравство.

Исто така болницата за само една година го преполови милионскиот долг од околу 200 милиони на близу 100 милиони денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми