Прилеските трудници од денес ќе може да ја практикуваат древната кинеска вештината Таи Чи како и јога вежби кои ќе им помогнат за подобро здравје и подобро справување со бременоста и состојбата во која се наоѓаат. Во болницата на одделението за гинекологија беше промовиран овој проект на Меѓународниот ден на Таи Чи прогласен од УНЕСКО, а со поддршка на амбасадата на Кина во Македонија, а процесот на трудниците им го објаснуваа мајстори од оваа ова област.
„Причината поради кој сите сакаат да практицираат Tаи Чи е бидејќи е вежба која е погодна за луѓе од сите возрасти, родови и националности. Денес има повеќе од 400 милиони луѓе во светот кои практицираат таи чи, а повеќе од половината од нив се жени, бидејќи е доста добро и за бремени жени, а помага и со олеснување на депресија и анкциозност за целото човештво. Таи Чи комбинира не само боречки вештини, туку и медитација и баланс на умот, поради што би ги охрабрила сите да започнат со вежбање. Ги поканивме македонските граѓани кои вежбаат таи чи повеќе од 10 години за подоцна да ги споделат нивните искуства и мудроста која ја научиле од Таи Чи“, потенцираше Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Кина во Македонија.
Вежбите за Таи Чи ќе се одржуваат во Школата за трудници која работи веќе 1 година во состав одделението за Гинекологија и акушерство при општата болница во Прилеп и истата ја посетуваат трудници во последниот месец од бременоста.
„Школата за трудници постои скоро веќе една година. Со оваа техника ќе се подобри благосостојбата на идните мајки, ќе се подобри мајчиното здравје, ќе се намали анкциозноста на идните родители и сме благодарни затоа што точно на Светскиот ден со помош на Народна Република Кина ова ќе го имаме во нашиот град“, истакна Кире Јоноски, директот на општа болница Прилеп.
„Имаме теоретска настава, вежби, интерактвна соработка со овие трудници. Одржуваме часови еднаш неделно на попладне, еден час, школата е бесплатна, како и сите услуги кои ги користат трудниците во нашата болница на државно здравство. Во моментот имаме група од околу 10 трудници кои ќе продолжат понатаму со практицирање на таи чи. Имаме соработка и со докторите од физикална терапија, доктор Благоја Ѓеорѓиски за да се промовираат понатаму и јога вежби, како и таи чи, кои допринесуваат до подобро здравје на мајките, а и на сите жени. Како прво за физичкото здравје, а и менталното здравје на жените, но и благосостојбата. Тука е вклучена и медитацијата, која допринесува да се намали анкциозноста, стресот, посебно кај трудниците во последниот месец од бременоста пред породувањето. А и техники за дишење, посебно за кога ќе почнат породилните болки за полесно да го поминат тој период до породувањето“, Билјана Кржеска, началник на одделението за Гинекологија и аукушерство при општа болница Прилеп.
Интересот за оваа мајчина школа е доста голем, а се очекува истиот да се зголеми со воведувањето на овие нови вештини во часовите и предавањата.