Имавме плодна средба и дискусија со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, кој денеска ја посети Општина Прилеп. Ние сме соработувале на неколку големи проекти, тука би ја спомнал прочистителната станица, би ги спомнал образовните програми Еразмус + на кои општината учествува. Сега сме во една фаза на соработка за проектот „Аквана“ со сериозни средства од 700.000 евра, заедно со програмата за меѓугранична соработка со соседните држави овде на Западен Балкан, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
„Сметам дека со нашите добро развиени односи и продлабочување на овие односи, граѓаните на Прилеп ќе имаат подобар квалитет на живот и дека она што значи Општина Прилеп како пионер во Република Македонија во однос на третманот на отпадните води и третманот на отпадот кој се создава, а досега еден од главните проекти беше пречистителнаста станица, дека би продолжиле понатаму во развој на овој дел, што значи зачувување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Уште еднаш огромна благодарност за посетата на амбасадорот и се надевам дека нема да биде оваа единствена посета. Во разговорот спомнавме дека на почетокот на есента повторно би бил наш гостин за да видиме што се случило во меѓувреме како прогрес во општина Прилеп, до каде е реализацијата на проектите и во разговорот, да ја информирам прилепската јавност, амбасадорот ми предочи дека ќе има отворен повик од делегацијата на ЕУ за аплицирање на нови проекти кој би траел до 10 април и тука сериозно работиме како општинска администрација и се подготвуваме да аплицираме на овие проекти и да добиеме што е можно повеќе средства.
Во текот на дискусијата зборувавме за подобрување на инфраструктурата, за подобрување на околностите во образованието и се она што е од интерес на ЕУ за нашата држава да оди напред, а особено општина Прилеп, на која сум градоначалник и сметам дека би требало да добиеме зголемена поддршка затоа што сме центар на Пелагонија и имаме исклучителни можности за развој и раст на сите области кои овде се застапени, во име и интерес на она за кое сме бирани, за подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани“, кажа Проданоски.