ВИДЕО- Проданоски: Изградба на населбата „Градина“ – да создадеме уреден, зелен и функционален град

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Мојата визија за Прилеп е јасна, да изградиме град кој расте, се развива и им нуди на сите граѓани достоинствен, квалитетен и современ живот. Прилеп има потенцијал да стане вистински европски град, а еден од клучните проекти што ќе го реализираме во таа насока е изградбата на новата населба „Градина“, рече Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп.

 

„Градина“ треба да биде новата иднина на Прилеп, пример, како со план и визија можеме да создадеме уреден, зелен и функционален град. Со оваа населба започнуваме ново поглавје во урбаниот развој на нашиот град и поставуваме стандарди за долги години напред.

На само 1,5 километар од центарот на Прилеп, на просторот на поранешните оранжерии, ќе изградиме современа населба со површина од 42 хектари, дизајнирана според највисоките европски стандарди. „Градина“ ќе биде нов дом за околу 13.000 жители, со инфраструктура што ќе обезбеди удобен, безбеден и достоинствен живот за секое семејство.

Во рамките на проектот се предвидени над 420 градежни парцели за изградба на станбени куќи, згради, деловни и трговски објекти, како и училишта, градинки, спортски и рекреативни центри.

Нашата обврска е да изградиме широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење, и многу зеленило со што ќе го направиме просторот одлично и здраво место за живеење.

„Градина“ ќе биде место каде што ќе растат деца, ќе се создаваат семејства и ќе се гради иднина.

Со овој проект сакаме да им дадеме причина на младите да останат во Прилеп, да ја гледаат својата иднина тука, дома. Нашата мисија е да им обезбедиме услови за живот, работа и напредок, за да не мораат својата среќа да ја бараат надвор од својот роден град.

Ова е визија што не создава само нова населба, туку создава нова енергија, нова перспектива и нова гордост за сите прилепчани.

Со работа, посветеност и љубов кон градот, ќе го направиме тоа реалност.
Вистинскиот избор е јасен, За Прилеп град на иднината, европски, зелен град, град кој ќе биде гордост за сите нас“, вели Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми