
Градиме трговски центар со забавен парк, нова димензија на животот во Прилеп! Прилеп заслужува нова енергија и нови можности, рече кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.
„Денес најавувам проект што ќе внесе свеж дух во нашиот град, изградба на современ трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец. Ова е нешто што Прилеп досега го немал, место каде што ќе се сретнат бизнисот, забавата и семејниот живот. Со овој проект создаваме нови инвестиции, нови работни места и нови можности за граѓаните и за локалниот бизнис“, кажа Проданоски.