
Марковите Кули ќе блеснат во ново светло. Симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.
„Со овој проект, кој ќе се реализира во соработка со Институтот за старословенска култура, го враќаме Прилеп повторно на туристичката мапа. Прилеп е град кој има што да покаже, што да понуди и со што да се гордее. Прилеп повторно го враќаме таму каде што припаѓа, меѓу градовите со душа, гордост и приказна“, вели Проданоски.