Сакам да го изразам моето огромно задоволство за поддршката која ни ја дадоа, повеќе од 50% од излезените гласачи заокружија за број 9, односно за кандидат за градоначалник за мене и мнозинство во Советот предводен од идната претседателка Билјана Кржеска. Ова е сериозна обврска која ја добивме од нашите жители, нашата заложба беше една и единствена, да работиме заедно со секој еден граѓанин, да го слушнеме секој еден глас и во иднина да го направиме Прилеп едно посреќно и поубаво место за живеење, истакна вечерва Дејан Проданоски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој прогласи победа за градоначалник за Прилеп уште во првиот круг на изборите.

„Се надевам дека со ваша поддршка, како денеска на изборниот ден, дека и во иднина ќе работиме во следниот период, не само за 4 години, туку на еден подолг период да го ставиме Прилеп на брзата лента и да го направиме најубавиот град во Република Македонија. Ви благодарам уште еднаш, благодарам за гласовите и поддршката која ни ја дадовте преку цела кампања, но очекувам и сериозна поддршка од вас, од сите, од цело население во Прилеп дека ќе имаме огромна поддршка за нашата работа и заложба да го направиме Прилеп подобро место за живеење.
Од досега сработените резултати сметам дека имаме повеќе од 9.000 гласови предност пред вториот кандидат на листата од оние 9 кои беа претставени на овие избори, а согласно пребројувањата некаде околу 17 советнички столчиња би имале во следниот Совет на Општина Прилеп, што значи една убедлива победа. Волјата на граѓаните е единствена, го покажаа вистинскиот пат, одбраа луѓе кои се вистински избор и сметам дека нема да се усрамиме со ова што го добивме како поддршка, туку напротив ќе биде наша уште поголема обврска да сработиме што е можно повеќе за Прилеп“, истакна Проданоски.