ВИДЕО- Проданоски: Сообраќајна студија за решавање на сообраќајниот хаос, плоштадот пред хотел „Скопје“ со нов изглед, поставување јавни тоалети, реконструкција на инфраструктурата во Старата чаршија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Време е Прилеп да добие нов лик. Функционален, уреден и достоинствен град, во кој секој детал има своја смисла и вредност, истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

„Ќе направиме сообраќајна студија, со која што конечно ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе воспоставиме јасен систем за движење, паркирање и безбедност. Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ пред хотел „Скопје“ ќе добие нов изглед, уреден, зелен и пријатен простор за прошетка, дружење и културни настани. Во Старата чаршија, срцето на градот, ќе ја реконструираме инфраструктурата и ќе го зачуваме нејзиниот дух, затоа што токму таму се чувствува вистинскиот Прилеп. Ќе поставиме јавни тоалети на повеќе локации, затоа што уреден и културен град почнува од почит кон секој граѓанин. Секој чекор е дел од големата слика. Прилеп ќе биде град со ред, убавина и достапност за сите. Модерен, чист и зелен град, но со душата на старата чаршија што никогаш не згаснува“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми