ВИДЕО – Проданоски: Целосна реконструкција на ул. Александар Македонски“ од Чумовчани до Ново Лагово

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Како еден од приоритетните проекти за нашиот град ја претставувам реконструкцијата на улицата ,,Александар Македонски”. Оваа улица е една од најважните сообраќајни артерии во Прилеп, таа е нашата порта кон градот. Сите знаеме во каква состојба е денес: тесна и небезбедна и за возачите, и за пешаците, и за велосипедистите. Оваа фактичка состојба не одговара за модерен и развиен Прилеп. Затоа решивме дека веднаш е потребна целосна промена, која што ќе биде од особено значење за бизнис секторот и стопанството кое што продолжува да се развива на оваа страна од градот, истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Сабота, 4 октомври 2025

„Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата, ќе ја реконструираме делницата од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот ,,Анита” во должина од 1200 метри. Во втората фаза, ќе ја изградиме делницата од 3200 метри, од ,,Анита” до Ново Лагово. Таму предвидуваме доградување на постојниот профил, тротоари од двете страни, како и современи велосипедски патеки, затоа што пешаците и велосипедистите мора да имаат подеднакво безбедно и достоинствено место во сообраќајот.
Ова нема да биде само обична реконструкција на коловоз. Ќе извршиме и целосна замена на водоводната и канализационата линија, ќе поставиме нови рабници и сливници, а за прв пат во Прилеп ќе користиме самонивелирачки капаци на шахтите, решение кое гарантира квалитет, трајност и безбедност на оваа клучна инфраструктура.
На оваа улица ќе изградиме и нов кружен тек кај ,,Димо Наредникот”, со што ќе овозможиме побрз, побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот, без застој и гужви.
Со реализацијата на овој проект, секој ќе добие свој простор, пешаците–безбедни тротоари, велосипедистите-современи патеки, а возачите- широка и уредена улица.
Драги мои сограѓани, оваа инвестиција ќе биде еден од симболите на еден нов Прилеп, модерен, европски, со инфраструктура која му служи на секој граѓанин. Ова е визијата што ја градиме заедно, визија за модерен Прилеп“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми