Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција од разни производи кои личат на мед, но не се тоа и се продаваат по маркетите по двојно поефтина цена од вистинскиот мед. Една тегла мед моментална се продава од 600 денари па нагоре, а производствената цена пчеларите ги чинела околу 450 денари за кг. Имитациите се продавале и по 300 денари. Бараат зајакнати инспекциски контроли за тоа како овие производи влегуваат во државава.
„Кои се почесто се продават, се увезува од други земји. Го прават од гликози, ги добиваат од царевки или други генетески модифицирани храни. Кај нас го има се повеќе и повеќе, го има по маркетите и се продава за наполу евтина цена. Недоволно се контролира од инспекциите, царината, од државата воопшто“, вели Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.
„Медот се бара, поготово чистиот мед се браа. Оној кој го конзумира редовно знае да си оддели од буџетот и да си земе чист мед. Знаејќи дека во последно време не само во Македонија туку и пошироко се појави разни имитации на мед, вештачки произведен би апелирала до сите да внимаат од каде купуваат мед“, додаде Флорина Бошкоска, пчелар.
За разлика од порано количните биле намалени од 30 до 50%. Тоа се должело на повеќе фактори, како климатски промени, но и уништувањето на шумите и сточниот фонд, кој бил директно поврзан со медоносните треви. Поради тоа често морале и да ги преместуваат пчелите кон подобри услови.
„Питомата трева која што е медоносна неа ја напасува стоката и така се размножуваа таа, а со самата испаша се уништува дивата трева. А сега како што се уништува сточарството се уништува медоносната трева и до израз доаѓаат билките кои немедат. Една од причините е и уништувањето на шумите, појасите со багрем ги нема, се уништува и дабовата шума, се помалку се сеат репи и сончогледи кои исто така го зголемуваат приносот“, кажа Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.
„Производството мора да го унапредуваме и мора да ги селиме пчелите на разни локации. На едно место пашните прилики ослабуваат мора да се селат пчелите за да се собие плус колични на мед, а со тоа има и одредени ризици. Пример мене вчера мечката ми уништи 2 кошници, што не се случило никогаш тука мечка да помини“, вели Зафир Зафироски, пчелар.
Годинава во Прилеп по 14 пат се одржа саем на медот, манифестација која секоја година се одржува за празникот 11 Октомври.