За прв пат се носи во Македонија ваков закон како Законот за работно ангажирање на сезонски лица, земен е примерот од околните држави и европските примери. Во Србија имаме еден навистина успешен пример на функционирање на ваков закон и сакаме тоа да го имплементираме и кај нас, истакна заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

„Има 2 цели овој Закон, првата цел е сузбивање на сивата економија, односно работата на црно, и втората работа е недостатокот на одредени кадри и работна сила посебно во летниот период во угостителството да се надокнади со можноста за вработување на оние лица кои ги опфаќа Законот. Со овој Закон ќе бидат опфатени и работоспособни пензионери, ќе бидат опфатени и младите луѓе, односно студентите и тие под 18 години, а секако со Законот ќе можат да работат и оние кои се работно ангажирани како дополнителна работа, ќе бидат со сите придонеси. Во иднина за аплицирање системот ќе биде во Агенцијата за вработување, на лице место ќе можат работодавачите да ги пријавуваат, ќе имаат пензиско и здравствено осигурување и се она што следува за секој вработен човек“, изјави Ристеки.