ВИДЕО – Ристески: За најнедисциплираните трговци можно е да има и одредени затворања на објектите

После донесување на одлуките од страна на Владата на Република Македонија, 50-тина екипи на државниот пазарен инспекторат се на терен, во голем број на маркети, пилјари, аптеки, тобака, секаде каде што има пунктови на малопродажба. Притоа се констатирани повеќе неправилности, има неправилности во однос на означувањето на намалените производи, има неправилности во однос на утврдувањето на маржите, цените, сметководствената евиденција. И да напоменам, нареднава недела ќе бидат исто така посетени од страна на Државната пазарна инспекција и сите дистрибутери и увезувачи, најголемите, оние кои се во Република Македонија, истакна денеска Марјан Ристески, заменик министер за економија.

„Казните се доста високи, наредната недела на најнедисциплинираните ќе има изрекување и казни према законите по кои работи Државната пазарна инспекција, меѓутоа, да напоменам дека во Законот за трговија една од најновите мерки е и затворање на одредени маркети. Значи за оние кои се најнедисциплинирани можно е да има и одредени затворања.

Тоа е работа исклучиво на Комисијата за заштита на конкуренција, тоа е независно регулаторно тело и секое мешање во нивната работа значи и попречување во нивното работење. Се надевам дека тие доста добро, професионално и стручно си ја водат својата работа и доколку утврдат такво здружување ќе има и казни предвидени во Законот за заштита на потрошувачи.

Секако овие одлуки се донесени со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, да напоменам дека опфатени се 102 групи на производи, или преку 1200-1300 производи во различни маркети. Мора да се научат да бидат дисциплинирани трговците на мало и големо, да ги почитуваат мерките, тие се наменети за граѓаните и ние како Министерство за економија и труд и Државната пазарна инспекција онаму каде ќе откриеме неправилности, недоследности на тие одлуки со кои се повредени правата на граѓаните, ќе бидат ригорозно казнети“, истакна Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи