ВИДЕО- Ристески: Сојузот на училишен спорт масовно ќе се вклучи во Европската недела на мобилност

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Ова значи дека ние со голем број на ученици активно влегуваме во сите овие настани во цела оваа недела, практично голем дел од нашите ученици се промотори на спортовите кои што ќе се случуваат во понеделник на булеварот тука, вели Здравко Ристески, Сојуз на училишен спорт – Прилеп.

„Масовно учество земаат нашите ученици и од основните и од средните училишта заедно со своите родители и пријатели на манифестацијата „Сите на велосипед“ која што е во недела, на ноќната трка и на сите други настани кои се во текот на оваа недела. Посебен акцент оваа недела ставаме на планинскиот велосипедизам, друмскиот велосипедизам, пешачењето, планинарењето, болдерингот и практично ќе имаме промоција на сите овие спортови со нашите деца, ќе можат да ги видат тука на булеварот, нешто да пробаат и да видат како сето тоа изгледа. Освен ова ние и едукативно делуваме на нашите ученици да не мислат дека единствено превозно средство се автомобилите на нивните родители, туку дека треба да ги користат велосипедите, тротинети, ролери итн“, истакна Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми