ВИДЕО- Рокас: За да има прием на земји во ЕУ без право на глас треба да се согласат сите членки и да се редефинираат договорите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Како што ви е познато, процесот на пристапување, но и процесот на интеграција во ЕУ се дефинирани во договорите на ЕУ. Всушност не постои такво нешто што би предвидувало во тие договори дека ќе може да предвиди за секоја успешна земја која ќе ги исполни условите за членство во ЕУ да го нема правото на глас, или пак да го нема правото на вето, истакна денеска амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по посетата на Општина Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, дека можно е Западен Балкан да влезе во ЕУ, но на почеток овие држави да немаат право на глас и поглавјата да се отвораат постепено.

„Ако такво нешто се смени, се разбира дека тогаш тоа би предвидувало промена на постоечките договори на ЕУ, која од друга страна, за да се променат тие договори би било потребно едногласност од страна на сите земји членки на ЕУ. Во моментот постои политичка дебата во ЕУ и во регионот тука во врска со напорите на ЕУ како во таков случај би ги третирала тие 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ.

Исто така знаете истовремено дека ЕУ се обидува да даде итни одговори на постоечките светски предизвици, така да постои дебата во рамки на ЕУ во сите области, меѓутоа во овој момент, договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат.

Но тоа што е голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите кои всушност се јасен пат, имплементација на реформите за Република Северна Македонија. Вие рековте дали постои можност да се ревидираат договорите на ЕУ, реков за такво нешто да се направи ќе мора да се има едногласна одлука од страна на сите земји членки на ЕУ“, кажа Рокас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми