Имавме многу плодна дискусија денес со градоначалникот на Прилеп во врска со имплементацијата на разни проекти кои се грантирани од страна на ЕУ тука во Прилеп, но и Пелагонискиот регион. Имавме понатаму многу плодна дискусија и со Советот на Општина Прилеп, се разбира дека на Прилеп како град, но и на регионот навистина му одеше многу добро со имплементација на многу проекти кои се донесени од страна на ЕУ, ова денеска го истакна амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по посетата на Општина Прилеп.
„Како што ви е познато, ЕУ досега има дадено финансиска поддршка во реализација на проекти во животната средина, исто така во изградба на самите институции за младите, што е всушност многу важно да се види дека исто така ќе седнеме после овој состанок и ние да видиме кои се нашите приоритети што се однесува на третирање на цврстиот отпад, но и за решавање на прашањето со дивите депонии. Така да сите овие прашања се прашања кои ќе ги разгледаме во иднина.
Треба да размислуваме и како да се развие туризмот во општина Прилеп, имајќи во предвид дека вие сте општина која има многу да нуди во областа на самиот туризам. Јас како амбасадор на ЕУ ова е моја втора посета тука, се разбира ја планирам и третата посета во вашата Општина и веќе размислуваме за многу други можности. Со градоначалникот исто така беше покренато прашањето во врска со индустриската зона тука во Прилеп, која исто така е важна за поттикнување на развојот на економијата.
Разговаравме и за многу важната патна инфраструктура и проекти кои се во таа сфера, со цел да може да се подобри самата поврзаност во Прилеп, но и на Прилеп со регионот. Поврзаноста да биде дел од листата на приоритети, всушност ова е прашање кое јас исто така ќе го покренам со централните власти во Скопје“, рече Рокас.