ВИДЕО- Ротари клубот донираше дрон на ТППЕ Прилеп – недостасуваат уште 30-ина пожарникари и неколку возила

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Ротари клубот од Прилеп донираше професионален дрон на ТППЕ Прилеп кој ќе биде од огромна помош за против пожарната служба, особено кога има теренски пожари, шумски пожари, но и пожари во градот. Со тоа пожарникарите ќе имаат поголема прегледност како и на каде се шири пожарот,и на кој начин може полесно да му се пристапи.

Сме сведоци во изминатите години на голем број шумски пожари, добар дел од шумскиот фонд настрада. Сметаме дека со едно вакво техничко средство ќе се олесни организирањето на гасењето на пожарите, тоа е првата работа. Втората работа е ние како клуб ќе обезбедиме обука на неколку лица вработени во противпожарната единица и она што го очекуваме дополнително да се случува е да се позајмува дронот на шумската полиција, а со цел да се следат дрвокрадците, нивните рути итн., што секако ќе значи и за шумската полиција во поднесувањето на пријави и ефективното дејствување на терен“, вели Орде Ѓорѓиовски, претседател на Ротари клубот Прилеп.

Од ТППЕ Прилеп велат дека според законот во моментов им недостасуваат околу 30-тина пожарникари како и опрема. Исто така возилата кои биле 8 теретни и 4 теренски наменети за гаснење на пожар биле со голема старост и потребна била нивна обнова.

Најголема примена ќе има во пожарите на отворено, како во превентивна насока, така и во моменти на делување на пожарот од гледна точка на извидување на истиот. Со тие норми не знам, најверојатно во обуката ќе бидеме вклучени повеќе луѓе, ќе најдеме примена на овој модерен алат за иднината на пожарната. Се надевам дека нема да има толкав број на пожари на отворено, дека нема да се уништува зелената маса, помалку да има материјални штети во објекти и човечки жртви, тоа е секогаш желбата на секој пожарникар. Оваа година имаше голем број на пожари, процентуално многу мала разлика со оломнанската година. Годинава досега се околу 700 пожари вкупно, и на отворено и на објекти. Приоритет е возниот парк да биде обновен, со 2-3 теренски возила и 2 теретни возила како цистерна, навална итн“, истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

Од Општина Прилеп најавија дека идната година ќе имало повеќе пари за ТППЕ Прилеп и ќе се потруделе да се исполни таа законска бројка од 1 пожарникар на 1.500 граѓани.

Министерството за одбрана го зголеми за оваа година за значителна сума буџетот за територијалнтата противпожарна единица во Прилеп, со што би работеле на подобрување на кадровскиот потенцијал на единицата, да ги заокружиме законските рамки онолку колку што е предвидено. Спомна и командирот дека на 1.500 жители треба да има по 1 пожарникар и мислам дека ќе ја достигнеме со овој буџет таа бројка, затоа што навистина беше исклучително тешко со досегашниот буџет, кој се дополнуваше со средства и од основниот буџет за да се задоволат потребите и навистина кадровски ТППЕ стоеше слабо во нашава општина, а дополнително нивните дејности ги извршуваа и во соседните општини каде немаат организирани ТППЕ, а со закон мораме затоа што сме најблиска единица која треба да работи. Слушнавте, бројките се фрапантни, во просек ако земеме по 2 интервенции во текот на денот, изјави Дејан Продански, градоначалник на Прилеп.

Исто така од Општина Прилеп најавија дека идната година преку Министерството за локална самоуправа ќе се потрудат да обезбеда ново против пожарно товарно возило, а биле и во преговори со прилепското стопанство за донација од исто така 2 нови против пожарни товарни возила.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми