ВИДЕО- Само 30-ина метри асфалт со години ги делат жители на ул. „Бистра Планина“ во Прилеп од нормално урбано живеење

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Само 30 метри на асфалт со години ги делат 80-тина жители од улицата „Бистра Планина“ во Прилеп од нормално урбано живеење. Жителите револтирано велат дека пред околу 6 години се асфалтирал дел од улицата, а 30-тинаметри останале неасфалтирани поради некој имотен спор кој што не сака да го реши ниту една локална самоуправа досега. Кога врне улицата се претвора буквално во езеро. Револтирано велат кај нив властите доаѓале само кога треба да се гласа, а сега во 21 век живееле во град, но бетар село. Најголем проблем е движењето за децата кои не можат да излезат од дома. Особено кога врни, а тие мора да одат на училиште.

Секаде имаме пробано, пораки праќано, видеа доставувано до Општина, секаде и никој не е дојден една лопата да стави барем чакал, а не асфалт. Имаме некој спор овде, тоа треба Општината да си го реши, бидејќи многу куќи овде се направија, но луѓето си плаќаат даноци, за приклучок за вода, канализација и сето тоа е подмирено, може слободно да се провери. Но на ова време сега, да не може слободно да си врвиш, сето кал и да ги одбегнуваш дупките, не знам што треба толку многу молење да му се даде“, истакна Александар Даскалоски, жител на ул. Бистра планина во Прилеп.

Жителите велат дека куќите им се со платени комуналии, плаќаат даноци, а не добиваат никакво подобрување на квалитетот на живот. Ги замолуваат новите локални  власти, да ни бидат како оние во минатото и да решат овој нивни горлив проблем.

Кој и да дојди, нека го направи ова, а не да идат само за да не тераат да гласаме, да завршиме работа во моментот и потоа никој ги нема. На сите им имаме праќано видеа, фотографии, каква е состојбата со улица, врват деца. Исто и кучиња овде многу имаме, и тоа ни е најголем проблем со кучињата од Комуналец, најголемиот проблем што може да биди. Нека дојдат и нека застанат барем пола саат да видиме кучињата како реагираат по луѓето. Овде сме оставени целосно, како да не е населба ова. Ќе гледаме само околу нив, каде што има “поголем“ човек со него ќе живееме и таму ќе правиме, другите остави ги. Овде треба да играат деца, млади да има, не само ќе гласаме за едните, за другите и на крајот никој не го прави ова. Срамота за ова време, 21 век, вака да биди, да се собираме за да направат 30 метри“, додаде Даскалоски.

Жителите велат дека ако не им се излезе во пресрет на барањата ќе организираат и поголеми собири и протести.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми