Почнавме една акција за чистење на речното корито на потегот од мостот на улицата „Димо Наредникот“ кон железничкиот мост по кејската улица „1 Мај“ и „Кеј 9 Септември“. Тоа би завршило прво до железничкиот мост, а понатаму да се исчисти коритото, да се симни нивото до мостот на улицата „Трајко Николоски“ и со тоа почнуваме на некој начин подготвителни активности за она што го најавивме и во програмата на изборите дека ќе се уредува речното корито, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
„Ова сега се случува затоа што имаше големи насипи, тука е еден сериозен проблем со одводнувањето на улицата „Димо Наредникот“ и сметам дека со ова правиме подобро одводнување на атмосферските води и канализирање во коритото на градската река. Добива една друга димензија просторот на тој потег. Знаете дека пред неколку години при обилни врнежи од дожд беа доведени и индивидуалните станбени згради кои се наоѓаат на тој потег, затоа што кејскиот ѕид токму тука завршува и сметаме дека со симнувањето на нивото на коритото дека ако би се случиле големи врнежи би намалиле на штета, односно би спречиле она што значи излевање на речното корито. Во зависност од временските услови, на северната страна, односно на влезот на градската река во градов и во тој дел да се симне коритото и да добиеме можеби попрецизна слика што треба да се планира и дали треба воопшто да се доработува проектот кој сега е во завршна фаза за уредување на коритото на градската река“, додаде Проданоски.