Група Марифет, повеќегодишното постоење на музичката сцена го заокружуваат со нивната прва авторска песна „Правите боеми“, спакувана со спот во кој е преточена приказната на боемскиот живот од песната, делување и влијанието на боемите во опшественото живеење во средината на минатиот век. Во спотот е опфатен убавиот и разновиден амбиент од градска архитектура на градот Крушево.
Музиката и аранжманот се на Киро Гаралоски, текстот го нашиша Дуле Темелкоски/Киро Гаралоски
Снимено во МТ студио на Мендо Ташкоски.
Гости во песната: Игор Милевски-виолина, Рубин Димкоски-Бузуки, Мендо Ташкоски-хармоника
Видео спотот го изработија: Александар Пауноски-продукција и режија Кристијан Теодоров-директор на фотографија Дуле Јанев-асистет камера и дрон
Марта Дојчиносвка-костимограф Николина Шапе-шминка
Во реализација на спотот беа вклучени и статисти, институции кои дадоа посебен придонес, татарот Војдан Чернодрински од Прилеп, галеријата Никола Мартиноски и ООУ „Никола Карев“ – Крушево.
Уживајте во прекрасната песна – „Правите боеми“!