ВИДЕО- Сојузот на тутунарски здруженија ќе организира хуманитарна акција за семејството Керимоски од с. Канатларци


Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија ќе организира хуманитарна акција за семејството Керимоски од прилепското село Канатларци кое претрпе огромна штета во пожарот кој што во петокот им ја уништи целата земјоделска механизација и 4 тони на тутун. Ќе се собираат балиња со тутун од тутунари од цела Македонија, а и самото Здружение ќе му префрли одреда сума на пари. Но прво треба деновиве Керимоски да го обноват магацинскиот простор за да има каде да го чуваат донираниот тутун.

„Меѓутоа ние побаравме и помош од стопанственици. Денеска ќе разговарам и со сите откупувачи на тутун и ќе побарам од сите нив да се вклучат во помошта, затоа што производител произведува околу 17 тони на тутун, така што во сите компании носи тутун и редно е и тие сега да му помогнат“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

При ваквите непогоди секогаш се отвора и прашањето зошто земјоделците не го осигуруваат својот род и покрај тоа што некои имаат високи приноси.

„Една од причините на наредниот состанок во Министерството за земјодлество ќе барам ако може да се врати стариот закон за осигурување, а тој е при самото склучување на договорите се склучува договор и за осигурителните компании. Со нив се уште немаме разговарано дали ќе прифатат, во моментов некои компании осигуруваат, некои не осигуруваат, мислам дека ќе го прифатат тој стар начин, но сепак треба претходно да се разговара со сите“, додаде Ристески.

Како поволност е и тоа што од сумата за осигурување на земјоделците државата им плаќа 60%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира