ВИДЕО- Со изложбата на маски започна Карневалот Прочка – Гран При наградата да освои Димитар Седлоски

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Со традиционалната изложба на маски која се отвори во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна јубилејното 25-то издание на Меѓународниот Карневал Прочка. Гран При наградата да освои Димитар Седлоски за маската „Некогаш бев гранка, сега сум лузна“, од ООУ „Блаже Конески“.

Мојата маска претставува изгорено дрво, претставено во човек. Порака на оваа маска е да ни биде никое дрво повеќе пресечено и да бидат заштитени шумите. Оваа маска ја работев околу 2 месеци и имав мала помош од мојата мајка. Користев природни материјали, дрво, сунгер и платно“, изјави Димитар Седлоски, добитник на Гран при наградата.

Првото место пак од 1 до 5-то одделение го освоија ученциите од ООУ „Добре Јованоски“ за маската „Прилепски мечкар, чувар на традицијата“.

„Ја изработивмре заедно учениците со помош на родителите. Ја подготвуваме околу 3 недели. Бараше повеќе време и труд затоа што се е делче по делче, мониста по мониста рачно изработено и на крајот маската ја финализираше Александар Стојчески, кој нашето парче материјал му додаде рогови, череп, крзното и со тоа маската заличи на еден вистински „Прилепски Мечкар“, истакна Македонка Тошеска, наставник на ООУ „Добре Јованоски“.

Во салата беа изложени над 500 маски од сите основи и средни училишта од Општина Прилеп

„Изработката за тоа дали се изработени од природни материјали и како се изработени и комбинирани повеќе за тоа внимание посвети жири комисијата, а тие работеа под менторство на нивните наставници и наставниците по ликовно образование“, рече Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

 

„Ни беше како Комисија чест да бидеме дел од овој карневал. Секоја година има се повеќе и се поинтересни маски. Затоа оваа година имаме и повеќе категории. Освен традиционални, годинава имаме и најиновативни. Секако оддадовме внимание на оние кои се најоригинални, најкреативни и им честитам на добитниците за нивната креативност и имагинација, се надевам дека в година ќе имаме уште побројни и пооригинални маски“, кажа Анита Јовеска, член на жири комисијата.

 После неколку години на пауза во сабота ќе се одржи детскиот Карневал со маски од сите основни училишта, а во недела цо центарот на градот ќе се случи главното дефиле, каде освен маски од Прилеп, ќе има гости од Македонија, но и од Србија, Бугарија и Црна Гора.

„Ја користам приликата ја ги поканам сите посетители да дојдат викендов во Прилеп, да ја посетат оваа изложба, ве чекам утре во 12 часот на градскиот плоштад да ги погледнеме маските од нашите најмлади и во недела во 13 часот во недела главнито дефиле на маски кое што оваа година е и со меѓународен предзнак, односно имаме гости и до соседните држави. Очекуваме догодина уште повеќе маски и за уште поголема тежина на овој настан 100 години Прилепски Мечкари и 25 години Меѓународен Карневал Прочка го имаме во Прилеп и претседателот на Европската федерација на карневалски градови“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Карневалските денови завршуваат во понеделник кога „Прилепските Мечкари“ кои оваа година одбелужаат 100 години постоење како здружение даваат посен бел грав за сите посетители кои ќе дојдат во манастирот Свети Ѓорѓија на Дервен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми