ВИДЕО- Со најголема манифестација во Македонија во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп одбележан Светскиот ден на лицата со ретки болести



ООУ Климент Охридски од Прилеп по повод Светскиот ден на лицата со ретки болести организираше огромна манифестација со која го одбележа овој ден. Во овој масовен проект учествуваа 1.100 ученици, наставници и родители. Видеото го изработи-Фан продукција-Пилата.

„Денес е Светскиот ден на лицата со ретки болести,и во нашето училиште за прв пат во Македонија масовно го реализиравме овај значаен ден. Нека оваа наша порака биде симбол на солидарност и поддршка кон сите оние кои се борат со овие болести. Нека им дадеме сила да продолжат да се борат и да живеат со надеж и оптимизам. Заедно можеме да направиме разлика и да создадеме светла иднина за сите. Благодарност до сите инволвирани во овој проект кој дадоа се од себе да изгледа вака“, истакна директорот на ООУ Климент Охридски, Ахил Јаков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи