
Со седумминутен молк, палење на свеќи и полагање цвеќе кај параклисот посветен на Свети Никола во центарот на Прилеп, граѓаните оддадоа почит за 59-те жртви, главно на возраст од 14-25 години, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вакви мирни собири под мотото „Бараме одговори и одговорност“, ќе има секој ден точно во 12 часот на истото место, во наредниот период додека се прогласени денови на жалост во Македонија.
Еве дел од атмосферата на денешниот мирен собир.