
Во Крушево започна петтото издание на Macedonia 4×4 Trophy трката. Оваа година има 18 учесници, кои се натпреваруваат во 2 класи и тоа помоќната Challenge, како и Adventure и UTV класата, во вкупно 4 натпреварувачки денови. Вчера во текот на денот се одржа пролог на терените на Станиќ, а потоа вечерва имаше вистински спектакл со ноќна трка низ коријата. Уживајте во ова несекојдневно адреналинско видео.