Наместо ветениот подобар животен стандард, четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески за граѓаните на општина Прилеп прерасна во кошмар. Се’ што кажаа излажаа, се’ што допреа – уништија, истакна на денешната прес конференцијја Марко Спиркоски, од ОО на СДСМ Прилеп.

МАРКО СПИРКОСКИ: Ниту зголемените цени не ги извадија јавните претпријатија од кал – долговите достигнаа 1.5 милиони евра
Наместо ветениот подобар животен стандард, четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески за граѓаните на општина Прилеп прерасна во кошмар.
Се’ што кажаа излажаа, се’ што допреа – уништија.
На прилепчани им ветија пониски сметки за вода. Бесрамна лага која ја надоградија со зголемување на цената на водата.
Енормно го зголемија данокот на имот. За цели 67 отсто поскапеа комуналните услуги, за 50 отсто градскиот превоз, зголемена е цената за паркинг.
Се’ што во Прилеп можеше да поскапи – поскапи.
Но повисоките цени не донесоа подобрување на услугите, ниту пак консолидирање на финансиската состојба на претпријатијата. Напротив.
Сите четири јавни претпријатија се вброија во категоријата загубари, со вкупен долг од 1.5 милиони евра.
Она што е посебно карактеристично, е што за прв пат во своето постоење загуба прикажа и ЈКП „Водовод и канализација“. И тоа ни повеќе ни помалку, туку огромни 650 илјади евра!
Покажаните негативни финансиски резултати оставаат простор за сомнежи во криминал и незаконско работење на јавните претпријатија, особено на „Водовод и канализација“.
Од тие причини уште еднаш ги повикуваме надлежните институции, пред се’ Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство да реагираат по допрен глас и да го „прочешлаат“ финансиското работење на прилепските јавни комунални претпријатија.
Бидејќи неспособноста и јавашлукот на директорите на ДПМНЕ, не може и не смее од свој џеб да ја плаќаат граѓаните на општина Прилеп!
Posted by Сектор Комуникации Прилеп on Петок, 13 јуни 2025
„На прилепчани им ветија пониски сметки за вода. Бесрамна лага која ја надоградија со зголемување на цената на водата. Енормно го зголемија данокот на имот. За цели 67 отсто поскапеа комуналните услуги, за 50 отсто градскиот превоз, зголемена е цената за паркинг. Се’ што во Прилеп можеше да поскапи – поскапи. Но повисоките цени не донесоа подобрување на услугите, ниту пак консолидирање на финансиската состојба на претпријатијата. Напротив. Сите четири јавни претпријатија се вброија во категоријата загубари, со вкупен долг од 1.5 милиони евра.
Она што е посебно карактеристично, е што за прв пат во своето постоење загуба прикажа и ЈКП „Водовод и канализација“. И тоа ни повеќе ни помалку, туку огромни 650 илјади евра! Покажаните негативни финансиски резултати оставаат простор за сомнежи во криминал и незаконско работење на јавните претпријатија, особено на „Водовод и канализација“.
Од тие причини уште еднаш ги повикуваме надлежните институции, пред се’ Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство да реагираат по допрен глас и да го „прочешлаат“ финансиското работење на прилепските јавни комунални претпријатија. Бидејќи неспособноста и јавашлукот на директорите на ДПМНЕ, не може и не смее од свој џеб да ја плаќаат граѓаните на општина Прилеп“, рече Спиркоски.