Како дел од репортажата за депандансот во локалниот музеј галерија Кавадарци, наречен „Куќа на мирис и вкус“ ќе ви ја претставиме спомен собата на Васил Хаџиманов, која се наоѓа токму во овој музеј. Низ поставката не прошета Томе Крстевски, виш кустос етнолог.

Крстевски: Васил Хаџиманов е роден во Кавадарци во 1906 година. Основно и средно училиште завршил во Кавадарци, Велес и Скопје. Пројавил афинитети кон музиката, но првото негово осознавање било во рамките на фармацијата, поради што и се запишал на фармацевтскиот факултет во Загреб во 1930 година. Дипломирал 36та, магистирал 38ма. Бил меѓу првите фармацевти во Македонија во тоа време. Познат е и по тоа што е првиот етномузиколог од овие простори во Македонија и ја сакам многу музиката. Има една анегдота како се откажал од фармацијата, која ја кажуваат на фармацевтски факултет, доаѓа една жена со рецепт да го земе лекот, го дава на Васил, Васил го зема рецептот, го гледа и ѝ дава лек. По 5 минути од тоа Васил сфатил дека дал сосема друг лек и почнал да размислува дека не е за аптекар, за фармацевт, дека сака да свири.
Во Кавадарци во 1938 година формира фолклорна група која сака да ја претстави традицијата секаде каде што патуваат. Со фоклорната група, го претставува фоклорот од регионот Тиквеш насекаде низ Балканот. Почнал да има и настапи со пеење, а освојувал и награди. Освен што завршил фармација, тој се запишал и вондерно на виша педагошка школа за музика на Музичката академија во Скопје и ја завршува. Станува музички уредник на радио телевизија Скопје, учествува во разни театарски претстави, снимање на филмови, документарни филмови итн.
Генијалноста на Васил Хаџиманов е што во неговиот живот собрал 8.000 народни песни и сите тие песни ги запишал со ноти и со текст и се чуваат во Архивот на Македонија. Дел од нив, неколку стотици се обработени во 4 книги кои ги имаме тука, презентирани да видиме кои се тие песни, со која тематика. Сигурно таму има и борбени песни, партизански песни, трудољубиви песни како дел од традицијата на Македонецот. Од овие 8.000 песни, 800 песни се албански песни снимени и обработени во населени места и градови низ Македонија.
Интересно за 1963 година, освен што 26 јули е трагичен ден со земјотресот во Скопје, е тоа што тој во тоа време пројавил идеја да она што е традиционално и што го карактеризира Македонецот да го пренесе, да го зачува духовното пред се. Мајките, луѓето кои ги оплакувале покојниците ги снимал со овој магнетофон, стоел настрана и ги снимал, со цел да ги сними тие тажачки, или тажни песни. Но тие имаат содржина, се искажува животот на покојникот и како го завршил животот до тој ден, на повеќе од 1.000 луѓе.
Сакам да напоменам како дојде до идеја да овие предмети ги добиеме ние, Зафир Хаџиманов, неговиот син на покана да го посети музејот ја виде оваа соба во тој момент дека е празна и му дојде идеја сите предмети кои ги има од неговиот татко да ги подари, да ни ги даде нас да ги чуваме и да останат тука. Зафир Хаџиманов почина за време на короната и некои работи кои како идеја што ги имавме не ги завршивме, но денес во музејот доаѓа неговиот внук Васил Хаџиманов Јуниор, кој е џез музичар, живее и работи во Белград, кој доаѓа тука со идеја да собираме и други предмети, да добиваме други предмети, но овој пат од Зафир Хаџиманов.