ВИДЕО – Стерјоска Локвенец: 900.000 ден. награда за прилепските пожарникари и 90.000 помош за малиот Никодим

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Она што можам да го издвојам од работниот дел од Советот е тоа дека беше донесен трет ребаланс на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, кој опфаќа неколку измени и дополнувања до крајот на 2024 година, истакна претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец.

„Посебно би сакала од рамките на овие измени кои ги направивме во текот на вчерашната седница и ги опфати овој Буџет е обезбедувањето на средства за награда на пожарникарите од ТППЕ Прилеп, каде обезбедивме средства во висина од 900.000 денари кои ќе бидат наменети како награда на нивниот труд, за нивната хуманост, нивната пожртвуваност кога ја дадоа во периодот кога ние како град Прилеп се соочивме со еден голем пожар во областа Мариово, впрочем тоа беше и најголемиот пожар во историјата на град Прилеп, а за оваа година и најголем пожат во цела Македонија.

На крај би додала само дека донесовме една одлука која исто така има хуман карактер, донесовме одлука за донација на Никодим, наше детенце од нашиот град кое во моментот се соочува со здравствени проблеми во висина од 90.000 денари и со добра мисла  му посакуваме да ја помине оваа голгота која ја поминува младиот Никодим и неговото семејство“, додаде Стерјоска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира