ВИДЕО– Стојкоски: Откупувачите не го почитуваат договорот и не ја откупуваат пченицата по 12 денари, бараме и плус 4 денари субвенција по килограм

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Дел од откупувачите не го почитуваат договорот постигнат со владата и земјоделците на кој се обврзаа дека пченицата ќе се откупува по 12 денари, плус трошоците за превоз. Со овие обвинувања денеска излегоа од Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија кои велат дека после жетвата ќе бараат нова итна средба со откупувачите и министерот за земјоделство. Ги повикуваат сите земјоделци кои сакаат да ја чуваат пченицата може да ја складираат во силоси, каде чувањето се до постигнување на подобра цена ќе го плаќа државата.

„Таа состојба не се почитува од страна на откупувачите, 12 денари ако платат, нема да ти платат превоз или обратно ќе ти платат 11 денари, за да ти платат и превоз. Ние сега немаме време за средби, во полн ек сме на жетвата, но кога ќе заврши тоа ќе бараме мелничарите да го исполнат тоа што го ветија“, истакна Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци и фамери на Македонија.

Земјоделците истакнаа дека се уште траеле преговорите со државата околу висината на субвенциите за житото, но велат дека се под 4 денари е неприфатливо.

„Ако ние сакаме да бидиме независни од увоз на пченица како земја, тука мора свои прсти да замеша и државата. Односно оваа година бараме 4 денари по килограм субвенција за пченицата за да ние и понатаму продолжиме да се занимаваме со производство на оваа култура и истата да биде исплатлива за нас“, додаде Стојкоски.

На Македонија годишно и требаат околу 360 до 380 илјади тони за да ги задоволи своите потреби, годинава од Асоцијацијата очекуваат домашното производство годинава да тежи околку 280.000 тони, што значи дека сепак уште за 100.000 тони ќе бидеме зависни од увоз.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми