ВИДЕО – Стојчески: Мото братството претставува филозофија и начин на живот

Симболизмот на моторџиштвото претставува филозофија на живеење. Заедништвото , слогата која што постои во еден традиционален мото клуб е тоа што нè издвојува.

 

Разликата помеѓу спортските мото клубови и Ем-Си културата е тоа што нашиот мото клуб претставува мото братство. Мото братството претставува склоп на меѓусебно разбирање, меѓусебна сплотеност и во добро и во лошо.

 

Мото културата во МК во моментот фукционира со меѓусебно дружење и соработка помеѓу мото клубовите и потребна е многу работа со цел издигање на едно повисоко ниво, како што е во другите држави.

 

Мото турата Мариово која ја организиравме 5 години, од 2008 до 2012 претставуваше репер на Балканот и пошироко како треба да изгледа една моторџиска средба и забава. Се планира кам-бек на истата и тоа ќе биде настан организиран на едно светско ниво.

 

Повеќе за мото братството Sons of Thunder MC видете во интервјуто со Симеон Стојчески, претседател на мото клубот кој пред неколку денови го доби највисокото признание на Општина Прилеп, наградата „3 Ноември“.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци