Што е Планот за одржлива урбана мобилност? Тоа е стратешки план дизајниран да ги задоволи потребите за мобилност на луѓето и бизнисите во градовите и нивното опкружување за подобар квалитет на живот, односно да го подобри квалитетот на животот и средината, истакна Тито Стефанели од Италија, дел од тимот кој го изработува планот за урбана мобилност на Прилеп.

„Се гради според постоечки планови и пракси и ги зема во обзир интеграцијата, учеството и евалуацијата. Развива долгорочни стратегии за транспорт, дефинирајќи јасни цели. Цели кон подобра пристапност и квалитет на живот и средина. Главниот фокус на Планот е подобра пристапност и квалитет на живот, ги интегрира сите начини на транспорт, не само автомобилите, туку главно активните начини како велосипеди. Комбинација е од инфраструктура, регулација на пазарот, како и политики за промоција. Претставува план за краток и среден временски период, втемелен во долгорочна визија и стратегија. Како што кажав станува збор за интердисциплинарен план, составен од сите дисциплини како мобилност, планирање, животна средина итн. Се планира со вклучување на сите актери во сообраќајот и граѓаните, бидејќи е план во кој сите учествуваат со овој начин на пристап, а исто ја дефинира и ситемската авалуција на неговото влијание во иднина, што ќе носи нови знаења и подобрувања“, додаде Стефанели.