На мермерната плоча која е поставена на влезот од музејот Леарница во Крушево пишува „Во оваа куќа била сместена работилница за леење куршуми за илинденските востаници“. Оваа леарница започнала со работа неколку години пред почетокот на Илинденското востание, а како објект музеј е отворена на 100-годишнината од подигањето на самото востание. Многу повеќе околу целата оваа приказна за отворањето на самата Леарница, за подигнувањето на востанието, како таа функционирала и како потоа се отворил овој објект музеј ќе ни раскажат кустосите Глигор Ангелески и Борис Маркоски.