ВИДЕО: „Тајната“ на Луциден сон – промоција на нов сингл со видео

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Музичкиот проект Луциден сон ја претстави својата нова песна „Тајната“ – втор сингл и прв видео запис на проектот, снимен на повеќе локации во и околу Прилеп. Видеото, во режија на Елена Мелончели од Италија и продукција на Чиветте студио, ја пренесува интимната и визуелно впечатлива приказна на песната, во која играат Марија Јовеска и познатата прилепска актерка Даниела Иваноска.

Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, кој вели:

„Понекогаш, на некои работи им треба време да созреат, да искрчкаат, да се склопат сите коцкички за сонувањата да продолжат да се остваруваат. ‘Тајната’ е приказна што ја носам одамна, и ми беше важно токму во Прилеп да добие своја визуелна форма.“

Вокалот во песната го изведува Гоце Кантар, а на пратечки вокали се јавува Николина Василевска, чиј глас прекрасно го заокружува звучниот пејзаж.

Аранжманот е на Луциден сон, а продукцијата, миксот и мастерингот ги потпишува Savo Karelian Production (Финска).

„Тајната“ е објавена преку издавачката платформа Amuse, а видеото може да се погледне на YouTube каналот на Луциден сон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми