ВИДЕО – Темоски: Не е вистина дека Ромите се дискриминирани, во базенот постојано има Роми, вчера се почитуваа Ковид мерките

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Градскиот базен „Маркови Кули“ е отворен за сите посетители, граѓани без разлика на вера, нација, пол, итн. Меѓутоа сите мора да ги почитуваат мерките, посебно Ковид мерките донесени од Владата и другите мерки и правила кои се јавно истакнати на влезот во базенот. Истакна денеска Борис Темоски, сопственик на базенот „Маркови Кули“ откако беше обвинет за дискриминација на Ромите поради нивно непуштање во објектот.

Изјавата ја пренесуваме во целост.

„Значи, нема да се пуштаат граѓани кои не се соодветно облечени, значи за влез во базенот мора да се носат купачи, не гаќи, не боксерки, не шорцеви, значи соодветна облека. Сите ги враќаме, без разлика од која вера и нација се. Втора работа личната хигиена е многу битна, не можеш со работна облека да влегуваш во базенот директно од работа, градежна работа, сеча или било каква, мора да се облечат соодветно за во јавен објект. Исто и за личната хигиена, значи ова не е објект за бања, тој треба да дојде чист од дома, а не со кал извалкан, значи ги враќаме нив без разлика на вера и нација.

Значи покрај тие правила има и други правила. А проблемот за конкретниот инцидент биле само 4 лица. Ние сега моментално имаме Роми во базенот, кои се соодветно облечени, значи тие кои ги почитуваат мерките немаат проблем. Вчера беше Вртолум и базенот беше преполн, поради што менаџментот оцени дека доколку се вратат по 2 часа, околу 4 часот попладне, да можат други да си заминат ќе влезат. Вчера околу 4 часот немаше столица каде да се стави, беше преполно и Ковид мерките овозможуваат само 50% од капацитетот.

И настана проблем со 4-ца, другите не да не ги пуштаме, но имаше проблем со тие 4-ца кои направиле инцидент и ним им е забранет влезот. Базенот е отворен  за сите граѓани кои ги почитуваат мерките, секој може да влезе на базен кој е соодветно и културно облечен, ги почитува мерките и правилата кои се јавно истакнати на влезот на базенот“, истакна Темоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци