Почнуваме со наводнување од крајот на март или почетокот на април. Големиот проблем што го имавме лани веќе е надминат и во тој дел мислам дека нема да има проблеми, спремни сме за да ги опслужуваме земјоделците, но и да се појави некоја ситуација ќе ја решаваме во од, истакна Зоран Тодороски, раководител на подружница ЈП „Прилепско поле“.
„Наплатата е многу добра, досега имаме наплата за наводнување од околу 80%, сметам дека може да појдеме до 95%, или 98%, тука некаде. Имаме за 2025 година 570 хектари обработливо земјиште каде луѓето имаат направено договори, а инаку имаме површина околу 2.700 хектари за наводнување и може да ги опслужиме сите земјоделци, слободно нека сеат, нека работат, нема проблем“, додаде Тодороски.