ВИДЕО – Традиционално за 11 Октомври во Прилеп 1.200 деца од сите училишта го формираа македонското знаме


Единствено во Македонијја по повод големиот национален празник 11 Октомври традиционално во Прилеп над 1.200 деца од сите основни и средни училишта во Прилеп го формираа македонското знаме со големина од 24 на 12 метри на плоштадот Методија Андонов Ченто во центарот на градот. Оваа традиција која е започната во 2010 година, лани се возобнови по 5 годишна пауза.

„Возобновувањето на оваа традиција само ја покажува љубовта која што сакаме да ја негуваме заедно со нашите млади генерации и на тој начин да ја покажиме љубовта кон нашата Татковина. Повторното возобновување на оваа традиција, поставување на македонското знаме е симбол кој што ќе го продолжиме и понатаму и тоа претставува дел од програмата за 11 Октомври која што е започната овие денови“, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Дечињата кои беа дел од овој настан истакнаа дека им е чест и гордост што се дел од манифестацијата.

„Правењето на знамето многу ми значи поради празникот 11 Октомври. Прв пат учествувам досега, но се надевам дека пак ќе учествувам“, рече Дино Конески, ученик од Прилеп.

 

„Вежбавме вчера и денеска задоволни сме и многу е убаво“, кажа Марко Митрески, ученик од Прилеп.

 

„Ме исполнува затоа што нас сите ова не обединува и ние сите од училиште се сретнуваме тука и се дружиме“, рече Дора Алексоска, ученик од Прилеп.

 

„За мене знамето е многу значајно и ми го исполнува целото срце. Многу ми е убаво за празникот 11 Октомври, многу ми е патриотско и убаво“; истакна Миле Талески, ученик од Прилеп.

Од претседателот нма Советот беше истакнато дека наскоро на дневен ред ќе се постави и одлуката секој понеделник училишната недела да започнува со интонирање на химната и подигнување на знамето. Истото беше побарано и од наставниците.

„Повторно да укажам на Советот на Општина Прилеп да се донеси одлука во средните и основните училишта во нашиот град и околните рурални средини да се инторнира химната и да се подигнува знамето секој понеделник“, изјави Златко Думбалоски, координатор за изведување на знамето.

Годинава се одбележуваат 83 години од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Одбележувањето започнува вечер со пригодна програма, огномет и импровизира напад на градот, а утре почит ќе се оддаде пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу и Могилата на Непобедените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи