ВИДЕО- Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Едукација на младите за тоа што се социјални претпријатија, како се прави бизнис план и кои се потребите на заедницата во која жиеват,  како овие претпријатија функционираат и како да се поврзат сите чините во општеството кои работат на оваа проблематика. Односно како локалната самоуправа, Универзитетите, претставници на бизнис секторот, граѓанските организации заедно да го подобрат квалитетот на живот на младите.

Бидејќи има една тененција на напуштање на малите средини, за таа цел ја работиме оваа тема за да ги оживееме малите средини да се види целосниот потенцијал и на млаадите и на заедницата. И заедно преку соработка на сите чинители, само така можеме да го унапредиме квалитетот на живот на младите. Досегашното искуство покажува дека ние како сектори многу работиме како индивидуално. Секој во својот сектор, многу малку имаме прилика да се поврземе и да видиме што можеме заедно да направиме. Така што ова покажува дека мораме почесто да се среќаваме. Да видиме кој што точно работи и да видиме како зњедно може да се унапреди позицијата на младите“, изјави Анелија Митрова, оперативен координатор во Младински Соуз – Крушево.

Овој проект Младински Сојуз – Крушево го спроведува во 8-те плански региони во Македонија, а крајната цел е преку истиот на ниво на држава 1.000 млади луѓе да отворат вакви претпријатија и да се самовработат.

„На младите за да бидат успешни социјални претприемници во нивната заедница, дома, имаат потреба да имаат силна поддршка. Значи младите еве во Прилеп не можат сами да успеат и да ги развиваат и да растат нивните идеи. Потребни им сме сите, и ние како НВО сектор и вие како медиуми и Универзитетите, различни чинители треба да сме поврзани со иста цел, поддршка на новите млади претприемници“, рече Билјана Стојческа, програмски координатор во Младински Соуз – Крушево.

Целта е пред се тука да се пронајдат ранливи категории млади, како невработени млади, млади кои се надвор од образовниот систем, а особено оние од руралните средини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми