ВИДЕО- Трипуновски: Условот од 50% предадено јагне во кланичен капацитет ќе го намалиме на 30%

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Јас како ресорен министер одржав неколку состаноци со Сојузот на одгледувачи на овци и со кланиците кои се во регистрите на Министерството. Практично, откупната сезона, односно откупот на јагнето е веќе во завршна фаза, a анализите говорат дека имаме зголемување на откупната цена во споредба со минатата година, просекот е некаде околу 230 денари, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

„Она што беше барање на одгледувачите на овци дека условот од 50% предадено во кланичен капацитет е доста висок, а со оглед дека во месеците јануари и февруари заради нискиот откуп на јагнето имавме доста прераснување на она првокласно јагне, ние како Министерство веќе размислуваме процентот од 50 да го намалиме на 30%, со цел уште еднаш да покажеме дека навистина како Влада, како Министерство излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец кој се соочува со одредени предизвици, за да ги стимулираме да опстојат и да го зголемат своето стадо. Така да во наредниот период ќе биде изменета и програмата и уредбата која го дефинира овој критериум и уште еднаш ќе покажеме дека сакаме и оваа сточарска гранка да остане во нашата држава“, додаде Трипуновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира