ВИДЕО- Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510 денари за прва класа, а добија само 420 денари


Тутунарите не се задоволни од понудените цени на откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунари бараат 510 денари за прва, 450 за втора и 390 денари за трета класа. Но од понудените цени од 9 откупувачи прва класа се движи од 414 до 420 највисока цена, втора класа со 312 до 360 денари, трета од 250 до 300 денари, и за допунска од 120 до 180 денари.

„Од овие бројки може да се заклучи дека најголемите откупни компании ги понудија најниските понудени цени. Ова ни да дава за право да мислиме дека и оваа реколта ќе биде анкес договори и купување само во една класа. Што за нас не е оправдано, ние баравме да се поткренат нормално цените. Ние понудивме беше реална проценка на класи и да си го купат тутунот во најдобар ред и квалитетот да се плати од неквалитетот“, вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

ОТКУПУВАЧИТЕ НУДАТ:

  • Италмакс понуди: 420 денари за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа и допунската 115.
  • ТКП понуди:  420 денари за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа и допунската 160.
  • СЕКЕ понуди:  415 денари за прва, 330 за втора и 250 денари за трета класа и допунската 120.
  • Алијанса понуди:  415 денари за прва, 316 за втора и 290 денари за трета класа и допунската 180.
  • Мисиријан понуди:  415 денари за прва, 312 за втора и 250 денари за трета класа и допунската 120.
  • Бако понуди:  420 денари за прва, 360 за втора и 330 денари за трета класа и допунската 180.
  • Пашоски понуди:  420 денари за прва, 360 за втора и 290 денари за трета класа и допунската 180.
  • Кавекс понуди:  420 денари за прва, 340 за втора и 290 денари за трета класа и допунската 180.
  • Сокотаб понуди:  414 денари за прва, 335 за втора и 250 денари за трета класа и допунската 120.
  • Орбита понуди:  420 денари за прва, 340 за втора и 250 денари за трета класа и допунската 170.

 

Од Сојзуот на тутунски здруженија велат дека под итно бараат измени во Законот за тутун и враќање на стариот член каде без нивно одобрување не може откупувачите да понудуваат цена каква што сакаат.

„Бараме законски измени во делот на законот бараме да се врати стариот член, да се вратат ингеренциите на Сојузот каде без согласност на Сојузот да не може да склучуваат Дговори, бараме член 43 да се смени за увозот на тутун, да има забрана на увоз на суров тутун се додека не се откупи и последниот лист тутун произведен дома и бараме измена на членот 47 за полагање и добивање на лиценци“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

 Според Сојзуот на тутунски здруженија договори мора да се склучат, затоа што без договор законски не смее да се сади тутун. Но се убедени дека пред почетокот на откупот за новата реколта откупувачите ќе ги зголемат цените со анекси, но тоа ќе значи повторно откуп целиот тутун во една класа, што не го посакуваат тутунарите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи