ВИДЕО- Тутунарите не се согласуваат со понудените цени за идната реколта, ќе бараат нивно зголемување

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денеска официјално заврши законскиот рок на откупот на тутун. Според Сојузот на тутунарски здруженија 99% од откупените количините биле во прва класа и без одбитоци. Досега се откупени 26 милиони и 120 илјади килограми на тутун, по просечна цена од 418 денари. Тунарите веќе ги доставиле своите барања до откупувачите  за новата реколта каде бараат зголемување на цените и тоа бараат 510 денари за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа.

Но тие ни понудија пониски цени, оставаме момент да ги коригираат уште ден до два и после тоа ќе излезиме и јавно ќе кажиме дека ние со нивните цени во овој момент не се согласуваме. Понатаму нашата борба ќе остане се до почетокот на откупот дека ќе бараме да се поткренат цените, или со анекс на договорот да си ги изедначат цените и да ги зголемат врз основа на инфлација, на трошоци и се останато“, истакна Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунари.

Бидејќи наредната година ќе се поврзуваат едни со други трите вида субвенции што сега се добиваат за тутунот: првата по предаден килограм која сега изнесува 80 денари, вториот вид на субвенција по површина која изнесува 6.000 денари за хектар и третата субвенција за зелена нафта која изнесува 11.000 денари за хектар, тутунарите ќе мора да имаат обележани парцели. Затоа од Сојузот апелираат тоа да се направи што е можно поскоро бидејќи без обележување нема да може да се земаат субвенции.

Значи сите тутунопроизводители да го искористат овој момент за време на правење на договорите да си ги одбележат во ЕРС системот парцелите, за наредната година да бидат раат, да си добијат субвенција по површина, килограм нафта и килограм предадена количина на тутун“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунари.

Инаку тутунарите велат дека иако можело да се постигне подобра цена сепак тие биле задоволни.

Очекувавме повисоки цени, но и со ова сме донекаде задоволни со откупната цена. На крајот останаа уште некои количини од последната есенска берба“, вели Јусуф Ибраими, тутунар од село Житоше, Општина Долнени.

Во однос на измените на Законот за тутун, новиот Закон бил 99% завршен се очекува за 10 до 15 дена целосно да комплетира и предаде.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми