Попладнево со пригодна програма во театарот Војдан Чернодрински, учениците и наставниците од „Добре Јованоски“ го одбележаа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
„Се додека има благонадежни ученици и наставници јазикот ќе живее низ нивните грла, ќе допре до нивните срца, ќе владее со нивниот разум со цел да го пренесат на идните генерации. За јазикот можеме сите! Силно, моќно и смело!“, е пораката која вечерва се упати пред присутните на свечената академија.
Еве дел од вечерашната атмосфера низ фото и видео.