ВИДЕО- Филипче: ВМРО–ДПМНЕ изгубија 140.000 гласови во споредба со лани, граѓаните не видоа никаков бенефит

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата изгубија 140.000 гласови кога се споредуваме со лани. Имено, ланските избори СДСМ и тогашната коалиција имаа 152.000 гласа, сега за кандидатите за градоначалници имаме близу 159.000 гласови. Значи повеќе гласови, а на значајно помала излезност кога ги споредуваме изборите годинава и ланската година. Понатаму, на листите имаме пад од некои 20.000 гласови, меѓутоа не се вкалкулирани гласовите од коалиционите партнери кои оваа година не се со нас. Значи кога би имале кумулативен збир на тие гласови, на помала излезност имаме ист број на гласови како ланските избори, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ, при својата денешна посета на селата Борино, Јакреново и Саждево во Општина Крушево.

„А ако го гледате ВМРО-ДПМНЕ, со дополнителни нови коалициски партнери, други партии кои лани беа со нас во коалиција оваа година за жал ја напуштија нашата коалиција, тие имаат 140.000 гласови помалку од лани и тоа е нешто што е сериозен знак, знак дека граѓаните се свесни дека оваа влада не испорачува, дека има многу лажни ветувања, дека едноставно не можат да се справат со проблемите, дека не излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните, дека нема ниту една категорија на граѓани која е реално задоволна, ниту пак осеќа некакви позитивни политики од оваа влада.

Еве вие кажете која категорија на граѓани видоа некаков бенефит изминатава година и пол од оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ? Работниците немаат зголемување на платите, пензионерите ги излажаа и не им ги дадоа парите кои им следуваат за зголемување на пензиите, наставниците, лекарите. Ние само за првите 2 години од владата на СДСМ примањата на лекарите специјалисти ги дуплиравме, а сега нема никакво зголемување. Нема никаква политика за младите, дебакл во земјоделието и намалување на субвенциите. Тоа е вистинското прашање на кое треба да се одговори и кое треба да се анализира.

Во однос на мојот мандат, јас ја затекнав партијата таква каква што ја затекнав. Овој изборен циклус е добар показател како треба да се продолжи и во следниот период најавив кадровски измени во раководството, тие ќе се случат многу брзо и продолжуваме со иста и поголема енергија на враќање на довербата на гласачите“, додаде Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми