ВИДЕО- Филипче: Се соочуваме со силни притисоци, закани, обиди за поткуп дури и на самите гласачки места

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во сите места во крушевско има што да се види што Томе со својата посветена, чесна и искрена работа, како и со својата визија за развој на регионот има направено. Асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени установи, направи многу за Крушево за да го постави на мапата на светскиот туризам, истакна Венко Филипче, претседател на СДСМ, при својата денешна посета на селата Борино, Јакреново и Саждево во Општина Крушево.

„Особено во параглајдерството, со сите инвестции кои ги направи, за да практично стане од едно запуштено место, град каде се одвиваат европски и светски првенства во параглајдинг. Томе со својот тим реализираше повеќе од 70 капитални проекти за целиот овој регион и има заслужено водство во првиот круг, за жал за само 80 гласови не победи.

Но тоа е јасната волја на граѓаните. Нашиот политички противник во изминатиов период се служеше со закани, уцени, притисоци, но нема да можат да ја поништат очигледната волја на граѓаните кои сакаат да видат уште еден мандат на Томе и неговиот тим. Тим кој не прави никаква поделба по политичка, етничка ниту било каква друга поделба.

Овој регион заслужува само ваков градоначалник и вакви советници за да овој регион продолжи да се развива. Имавме чесна и искрена кампања, ги промовиравме и кандидатите кои се секако добро познати во своите средини каде живеат.

Имаме добри програми, нашите градоналачници имаат повеќе од 90 до 100 % реализирани програми, за разика од граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат реализирано само 20% од своите програми. Тоа е насекаде низ државата.

Се соочуваме со силни притисоци, закани на работните места, на гласачите, на симпатизерите на СДСМ, обиди за поткуп дури и на самите гласачки места, закани на фирмите да се појават на одредени настани. Сите овие забелешки ќе бидат испратени до ОБСЕ“, додаде Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми