На својот 23 роденден и за големиот национален празник 11 Октомври прилепскиот музичар Филип Николоски на публиката и ја претстави својата најнова песна „Само на добро нека е“.
Музиката и аранжманот се на Рубин Димкоски. Back vocals – Теди & Рубин Димкоски, Даниел Павлоски, Дуле Темелкоски, Јане Николоски. Текстот е на Дуле Темелкоски. Гитара – Рубин Димкоски, хармоника – Богески Владимир, Recorded Mix i Master R Music Studio Рубин Димкоски.
Видеото како и на претходните песни на Николоски го изработи Фан Продукција-Зоран Пилата. Николоски искажува голема благодарност и на неговите другари Теди & Рубин, Тајфата, The Four & Теа.